"Македонија сообраќај" ќе издава мемориски картички

Bez autora
Jul 06 2010

Понудата на Групацијата предводена од СИЗ "Македонија сообраќај" - АМЕРИТ е избрана за најповолна на јавниот оглас за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички за дигитални тахографи. Јавното овластување, што ќе го добие СИЗ Македонија сообраќај" по потпишување договор со Министерството за транспорт, е со важност од 15 години. Ресорното Министерство во два наврати го поништуваше овој тендер, со одредени забелешки во однос на доставените понуди од учесниците, но според наши информации, евидентно се сакало максимално транспаретно да се спроведе постапката за овој јавен оглас. Конечно, во третиот обид тој е успешен, па оттука за поздравување е целата тендерска постапка.

"Македонија сообраќај" ќе издава мемориски картичкиПонудата на Групацијата предводена од СИЗ "Македонија сообраќај" - АМЕРИТ е избрана за најповолна на јавниот оглас за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички за дигитални тахографи.

Јавното овластување, што ќе го добие СИЗ Македонија сообраќај" по потпишување договор со Министерството за транспорт, е со важност од 15 години.

- Ресорното Министерство во два наврати го поништуваше овој тендер, со одредени забелешки во однос на доставените понуди од учесниците, но според наши информации, евидентно се сакало максимално транспаретно да се спроведе постапката за овој јавен оглас. Конечно, во третиот обид тој е успешен, па оттука за поздравување е целата тендерска постапка - изјави Златко Кочовски, управител на СИЗ Македонија сообраќај" АМЕРИТ.

Покрај СИЗ Македонија сообраќај", што конкурираше заедно со домашната фирма ВИСТА груп, со хрватската државна Агенција за комерцијално работење и полската државна Агенција за издавање тахографски картички, понуди на тендерот доставија и словенечки ЦЕТИС, со истоимената своја подружница во Македонија и Сивус, со романскиот партнер CERTISIGN.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik